• недела, 26 ноември 2023

Променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северен правец

Променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северен правец

Скопје, 18 ноември 2023 (МИА) - Врмето ќе биде променливо облачно и студено со засилен, повремено силен ветер (над 80 км/час) од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во недела ќе се задржи студено време со умерен до засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Остани поврзан