Проектот „LARTA“ на Дино Милосављевиќ ќе биде претставен во Истанбул
- Македонскиот тапанар Дино Милосављевиќ денеска ќе го претстави проектот „LARTA“ во џез-клубот „BOVA Sahne“ во Истанбул.

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) - Македонскиот тапанар Дино Милосављевиќ денеска ќе го претстави проектот „LARTA“ во џез-клубот „BOVA Sahne“ во Истанбул.
Дел од „LARTA“ се и скопските музичари Ѓоко Максимовски на бас, Васко Бојаџиски на тенор саксофон и Владан Дробицки на тромбон, кој воедно е и продуцент на албумот со наслов „Fragments“, издаден за етикетата ПМГ Џез минатата година во Скопје.
Поддржувачи на концертот се Министерството за култура и Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул. мд/хс/
Фото: Дино Милосављевиќ