• сабота, 20 април 2024

Продолжува чистењето на коритото на Сува река

Продолжува чистењето на коритото на Сува река

Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Општина Илинден продолжува со чистење на каналската мрежа и речните корита на нејзина територија. Согласно годишните програми на Општината и на Водостопанство и Акциониот план за чистење на каналската мрежа, во тек е чистење на коритото на Сува река на потегот од Бучинската брана кон местото наречено Дол на изворот на реката во должина од 900 метри.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид во работните активности и истакна дека редовното одржување на каналската мрежа во Општината е од големо значење и останува во приоритетите на локалната самоуправа.

Во текот на наредниот месец предвидено е чистење на Ободен канал во н. Илинден на потегот од автопатот кон локалната економска зона Стопански комплекс Илинден во должина од 3000 метри, информираат од Општина Илинден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан