• среда, 24 април 2024

Седница на Економско социјалниот совет

Седница на Економско социјалниот совет

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска претседаваше со десеттата седница на Економско социјалниот совет.

На седницата беа присутни вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заменик министерот за економија, Зоран Маневски, претставници на институциите, претставници на синдикатите и претставници на работодавачите.

На состанокот од страна на претставниците на Владата беше презентирана предлог Методологија за пораст на платите во јавниот сектор.

-По конструктивна дискусија од страна на претставниците на синдикатите во однос на предлогот, се донесе заклучок  синдикалните организации да го разгледаат предлогот и да достават забелешки или нови предлози до Министерството за труд и социјална политика, информираат од владината прес-служба.

Наредната седница на Економско социјалниот совет ќе биде одржана откако ќе бидат доставени предлозите од синдикатите за Методологија за пораст на платите во јавниот сектор. сст/са/

Фото: Влада


 

 

 

 

 



Остани поврзан