Продолжува реконструкцијата на ул. „Никола Тесла“ во Куманово
- Тече реконструкцијата на улицата „Никола Тесла“ во Куманово, соопшти градоначалникот, Максим Димитриевски. Градежните активности на регионалниот пат Р1104 Куманово транзит-улицата „Никола Тесла почнаа во април, годинава. Патот го поврзува Куманово со Граничниот премин Табановце и со селата од општина Куманово кон северната граница.

Куманово, 21 мај 2025 (МИА) - Тече реконструкцијата на улицата „Никола Тесла“ во Куманово, соопшти градоначалникот, Максим Димитриевски. Градежните активности на регионалниот пат Р1104 Куманово транзит-улицата „Никола Тесла почнаа во април, годинава. Патот го поврзува Куманово со Граничниот премин Табановце и со селата од општина Куманово кон северната граница.
За реконструкција на овој пат одвоени се над 20 милиони денари. Како што соопштија надлежните претходно рехабилитацијата ќе биде во должина од 1.400 метри, со променлива ширина од 6, 5 до 9 метри или вкупна асфалтна површина од 10.000 метри квадратни. Вкупна инвестиција преку ЈПДП е 20 милиони денари.
Средствата за рехабилитација на регионалните патни правци во единиците на локалната самоуправа се издвојуваат од буџетот на ЈПДП, а активностите се изведуваат преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонија пат). ам/лв/
Фото Општина Куманово