• вторник, 16 април 2024

Продолжува реконструкцијата на старата водоводна мрежа во населбата Старо Делчево

Продолжува реконструкцијата на старата водоводна мрежа во населбата Старо Делчево

Делчево, 24 март 2023 (МИА) - Продолжува реконструкцијата на старата водоводна мрежа во населбата Старо Делчево. Со активностите кои во моментот се одвиваат како што информираа од Општина Делчево  се заменува старата дотраена азбестна водоводна мрежа со нова пвц-инсталација во должина од 800 метри. 

-Деновиве започнаа работите за реконструкција на водоводната мрежа на улица „Острец“, каде е предвидено да се реконструираат околу 400 метри од водоводната линија. Претходно се работеше на реконструкција на водоводната мрежа на ул „Ванчо Прке“ и ул „Солунска“, информираа од Општина Делчево.
 
Во рамки на работите како што додадоа континуирано екипи на ЈКП „Брегалница“ вршат приклучок на домаќинствата на завршените лини од главната мрежа.
 
-Очекуваме работите да се реализираат со предвидената динамика со што реконструкцијата на старата водоводна мрежа ќе.биде успешно завршена, додадоа од Општината.
 
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за транспорт и врски во износ од 3,1 милион денари, а градежните работи ги извршува фирмата „ПАНЕЛ-М’ од Тетово. вс/са/
 
Фото: MИА
 

Остани поврзан