• вторник, 23 април 2024

Прогласени најдобрите настани на првиот БЕАМ Фестивал

Прогласени најдобрите настани на првиот БЕАМ Фестивал

Скопје, 29 март 2023

Вчеравечер на свечена церемонија беа прогласени добитниците на првиот БЕАМ Фестивал на најдобри настани. Жири комисијата составена од 20 искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии, по однапред утврдени критериуми и правила оценуваше 65 пријави во 15 категории.

Ова се победниците по категории:

Најдобар културен / музички настан – Д Фестивал - Пасворд Продукција Најдобар фестивал / манифестација – Таксират Фестивал - Пасворд Продукција

Најдобар самит, конгрес или конференција – Пин Конференција – Пасворд Продукција Најдобар експо (саем) – Скопје виски фест – Боттега Евенти

Најдобар корпоративен настан – Сто години Пивара – Меккен Скопје Најдобар настан за бренд активација - Schweppes Mixology – Меккен Скопје

Најдобар настан за промоција на нов производ – Омега денови – Божиновски часовници и накит Најдобар НВО настан – Играме заедно – Аутизам ААМК

Најдобар настан на државна / јавна институција – Илинденски денови – Центар за култура Битола Најдобар спортски настан – Виз Ер Скопски маратон – Сојуз на спортови на Скопје

Најдобра рентал компанија – К енд Д Аудио

Најдобра компанија за видео поддршка на настани – Мунлајт Најдобра аутсорсинг компанија – О3 Инвест

Најдобро место за одржување на настани - Филхармонија на РСМ

-     Овој фестивал покажува дека настаните се важни за културата, за бизнисот, за невладиниот сектор, за државните и јавни институции, за спортот, буквално за секој сегмент од општеството. Затоа е важно и да бидат валоризирани. Со БЕАМ правиме пресек на годината што изминала и поттикнуваме натпревар со цел подигнување на креативноста и квалитетот на настаните. Им честитаме на сите добитници на БЕАМ наградата, велат организаторите

БЕАМ Фестивалот е во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП, а произлезе како потреба за мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците. Фестивалот им оддава признание на креативните идеи и настани, но и ја потенцира важноста на настаните во општеството. БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста и вредната и напорна работа на сите актери во индустријата за организација на настани.

Од БЕАМ за оваа есен ја најавуваат и првата конференција и саем на ивент индустријата каде фокусот ќе биде ставен на едукација, вмрежување и отворање на бизнис можности за сите компании.

 

BEAM – Best Event Awards

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан