• понеделник, 08 јуни 2026

Проблеми во Јувентус – Влаховиќ и Локатели казнети

Проблеми во Јувентус – Влаховиќ и Локатели казнети

Торино, 19.мај 2026 (МИА) – Во ситуација кога повеќекратниот првак на Италија, Јувентус е сè подалеку од пласманот во Лигата на шампионите особено по поразот во последното коло на домашен терен од Фиорентина се појавија и нови проблеми. Лошата атмосферата од теренот се пренесе и меѓу играчите.

За време на дуелот со Фиорентина дојде до вербален дуел на соиграчите Душан Влаховиќ и Мануел Локатели. Поради инцидентот раководството на Јувентус донесе одлука двајцата да бидат казнети парично.

Ова од причина што до крајот клубот има исклучително важен натпревар – градското дерби против Торино и покрај победа потребна им е и поволен исход и на другите натпревари каде настапуваат конкурентите. мн/

Фото: ЕПА