• четврток, 25 април 2024

Пробиштипските основци добија бесплатни училишни униформи

Пробиштипските основци добија бесплатни училишни униформи

Пробиштип, 21 март 2023 (МИА) - Речиси илјада ученици од двете општински училишта „Никола Карев“ и „Браќа Миладиновци“ и подрачните училишта добија училишни униформи. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, рече дека на самиот почеток на учебната година направиле анкета општината и училиштата, а сите родители одговориле потврдно децата да имаат училишна униформа.

-Заедно со училиштата го реализиравме овој проект со цел да се намали класната разлика меѓу учениците, да се зголеми еднаквоста, како и да дадеме приоритет на вредноста на образовниот и социјален развој на учениците, што впрочем е и основа кон која треба да целиме, изјави Анастасов.

Училишните униформи имаат по една маица, блуза и дуксер, а ќе се дополнуваат секоја наредна година. Општина Пробиштип и училиштата за реализација на  проектот одвоија речиси два милиони денари од сопствените буџети. вдј/хс/

Фото: Општина Пробиштип

Остани поврзан