• петок, 29 март 2024

Притвор за осомничен за кражби на мобилни телефони во Скопје

Притвор за осомничен за кражби на мобилни телефони во Скопје

Скопје, 24 март 2023 (МИА) - Осумдневен притвор му е определен на 43-годишен скопјанец осомничен за три кривични дела – тешка кражба, против кого постапка поведе Основното јавно обвинителство Скопје.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, во текот на претходна постапка биле обезбедени докази дека осомничениот на 20 и 26 октомври 2022, во продавница за облека во Градскиот трговски центар во Скопје, искористил невнимание на две жени и им ги одзел мобилните телефони, од кои едниот во вредност од 20.000, а другиот вреден 77.000 денари.

-Осомничениот вчера, 23 март, искористил што градски автобус, кој се движел по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, бил преполн, па од џебот на еден патник одзел мобилен телефон вреден 20.000 денари, соопшти ЈОРСМ.

Оценувајќи дека постои опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, судот го прифатил предлогот и определил притвор во траење од осум дена.​ хс/бак/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан