Припадници на Армијата ќе учествуваат на вежбата „PLATINUM WOLF 23“ во Србија
- Припадници на Армијата на Република Северна Македонија ќе учествуваат на вежбата „PLATINUM WOLF 23“ во Република Србија. Одлуката за испраќање на припадници на Армијата ја донесе Владата на денешната седница.

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Припадници на Армијата на Република Северна Македонија ќе учествуваат на вежбата „PLATINUM WOLF 23“ во Република Србија.
Одлуката за испраќање на припадници на Армијата ја донесе Владата на денешната седница.
-Оваа вежба, според Информацијата од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на Република Србија, а на неа ќе земат учество и вооружени сили на Република Грција, Република Словенија, Република Босна и Херцеговина, Република Романија, Република Унгарија, Обединето Кралство и Соединетите Американски Држави, се наведува во соопштението од владината прес-служба. дма/нд/
Фото:МИА архива