• петок, 22 март 2024

Пригожин: Украина ја зазеде населбата Бекхивка, северно од Бахмут

Пригожин: Украина ја зазеде населбата Бекхивка, северно од Бахмут

Киев, 5 јуни 2023 (МИА) - Основачот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска изјави дека украинските сили повторно зазеле дел од населбата Берхивка, северно од Бахмут во источна Украина.

„Сега дел од населбата Берхивка е веќе изгубен, војниците тивко бегаат. Срамота“, вели Пригожин во аудио пораката што ја објави неговата прес-служба.

Тој ги повика рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и генералот Валериј Герасимов да дојдат на фронтот и да ги соберат трупите.

„Ајде, вие тоа го можете, а ако не можете, ќе загинете како херои“, рече Пригожин.

„Вагнер“ го зароби Бахмут минатиот месец по најдолгата битка од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, по што паравоената група ги предаде своите позиции на редовните руски трупи. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан