Приведен 18-годишник во Битола, пронајден кокаин при претрес во неговиот дом
- Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера во 09:40 часот го лишиле од слобода С.Д.(18) од Битола.

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера во 09:40 часот го лишиле од слобода С.Д.(18) од Битола.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.свс/лв/