• среда, 24 април 2024

Приведен крадец, пријава против него и лицата кои му помагале

Приведен крадец, пријава против него и лицата кои му помагале

Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Службеници од Полициската станица Кисела Вода вчера го лишиле од слобода Л.Д.(18) од Скопје, кој се сомничи дека на 15 март годинава одзел велосипед од скопјанецот Д.К.(58), при што се стекнал со противправна имотна корист од 105.000 денари.

Како што соопшти МВР, во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и изјавил дека велосипедот го продал на А.А.Ѓ. (20) од Скопје, а посредувал М.Л. (18) од Скопје, кои знаеле дека е украден.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави. мч/сп/

фото: МИА архива

Остани поврзан