• петок, 26 мај 2023

Приведен крадец од Битола баран со потерница за затворска казна од две години

Приведен крадец од Битола баран со потерница за затворска казна од две години

Скопје, 26 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола, денеска на улица „Стерјо Ѓоргиев“ во Битола, по потерница од Основен суд Битола, го привеле битолчанецот З.Д.(35).

 Како што соопшти МВР, тој бил баран со потерница за издржување казна затвор за сторени кривични дела кражби и тешки кражби во  времетраење од две години, по што е спроведен во казнено поправна установа - Затвор Прилеп за издржување на казната. дма/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан