• понеделник, 25 март 2024

Приведен француски државјанин осомничен за тешка кражба, одреден му е притвор

Приведен француски државјанин осомничен за тешка кражба, одреден му е притвор

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Полициски службеници вчера уапсиле државјанин на Франција осочмничен за сторено кривично дело „тешка кражба“. На лицето му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

- Полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје вчера го лишија од слобода А.Ж.М. (31) од Франција поради основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во три стана на подрачје на општина Центар. Лицето со кривична пријава е предадено на јавен обвинител, а судија од Основен суд Скопје му одредил мерка притвор во траење од осум дена, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. фф/сп/
 
Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан