• сабота, 10 јуни 2023

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственичката  

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственичката  

Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Центар, вчера во 18:05 часот во Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(49) од Република Косово. Тој се сомничи дека околу 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Центар извршил кражба, при што од џебот на Б.Б.(25) од Република Турција, со престој во Скопје, одзел личен предмет.

- Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од МВР. цр/дма/

Остани поврзан