• петок, 29 март 2024

Приведен крадец во Скопје и ќе биде спроведен во затвор

Приведен крадец во Скопје и ќе биде спроведен во затвор

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) -  Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба денеска во 14:40 часот на ул.„Менделеева“ во Скопје го лишиле од слобода Н.В.(50) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Лицето, се вели во соопштението, ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. ац/

 

 

Остани поврзан