• четврток, 18 април 2024

Приведен крадец во Скопје    

Приведен крадец во Скопје    

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје вчера го лишиле од слобода 36-годишниот скопјанец Б.А..

Како што соопшти денеска МВР, тој се сомничи дека во август и септември 2022 година извршил три „тешки кражби“, при што од две товарни возила на приватна фирма и од автобус на ЈСП украл гориво.

- Во службен разговор во Полициската станица - Кисела Вода тој признал дека на 16.08. и на 17.08.2022 во два наврати од цистерна на приватна фирма одзел вкупно 300 литри гориво и дека на 22.09.2022 од автобус на ЈСП одзел 150 литри гориво, се појаснува во соопштението.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан