• сабота, 09 декември 2023

Приведен дилер во Прилеп

Приведен дилер во Прилеп

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола, денеска го лишиле од слобода Д.П.(32) од Прилеп.

Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп, извршен по претходно добиена судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Д.П. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. дма/са/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан