• петок, 29 март 2024

Приведени скопјанка и штипјанец поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство

Приведени скопјанка и штипјанец поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н. (41) од Штип, поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство.

-На автопатот Скопје - Штип, кај клучка Југ - Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи, информираат денеска од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај село Стањевце, светиниколско. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

Остани поврзан