• недела, 21 април 2024

Приведени крадци во Скопје, се обиделе да одземат возило

Приведени крадци во Скопје, се обиделе да одземат возило

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР - Аеродром и Драчево синоќа, во 23.45 часот, на булевар „АСНОМ“ ги лишиле од слобода Е.К. (31) и Н.К. (24), двајцата од Скопје.

Како што соопшти МВР, лицата се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе да го одземат и возилото.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

- По преземени мерки било констатирано дека двајцата биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ и до 9 јуни 2023 година користеле отсуство, се наведува во соопштението од МВР. мд/сп/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан