• четврток, 25 април 2024

Приведени две лица, превезувале огревно дрво без документи

Приведени две лица, превезувале огревно дрво без документи
Скопје, 20 март 2023 (МИА) -  Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, синоќа околу 20:00 часот, ги лишиле од слобода М.А.(25) од Скопје и Н.Ќ.(47) од село Страхојадица, скопско.
 
Од МВР инфопрмираат дека во возилото „фолксваген венто“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација.
 
Претходно, на улица „Сердарот“, откако ги забележале полициските службеници, двајцата го оставиле возилото и се обиделе да побегнат, но набргу биле фатени. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/
 
Фото:МВР

Остани поврзан