• четврток, 25 април 2024

Приведени две лица барани со потерница

Приведени две лица барани со потерница

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Прилеп - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп, денеска, со судска наредба, ја привеле М.Д.(30) од Скопје.  Таа била барана за издржување мерка притвор за извршено разбојништво по член 237 од Кривичниот законик. Со М.Д. бил приведен и  И.Б.(50) од с.Десово, прилепско, под сомнение за сторено кривично дело по чл.191 од Кривичниот законик. 

Како што соопшти МВР, М.Д. ќе биде спроведена во надлежната казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор.лв/мд/

фото МИА архива 

Остани поврзан