• недела, 10 декември 2023

Претседателските избори во Египет во декември

Претседателските избори во Египет во декември

Каиро, 26 септември 2023 (МИА) - Претседателските избори во Египет ќе се одржат во декември, три дена по ред од 10 декември, а Египќаните кои живеат во странство од 1 декември ќе можат да гласаат три дена, соопшти изборната комисија.

Кандидатите ќе можат да се пријават од 5 до 14 октомври, а конечната листа на кандидати ќе биде објавена на 19 ноември.

Актуелниот претседател Абдел Фатах ал Сиси, кој владее со Египет од 2014 година, официјално не ја објави својата кандидатура, но се очекува да се кандидира.

По реизборот во 2018 година, неговиот мандат трае до април. Според изменетиот устав од 2014 година, тој може да се кандидира за уште еден шестгодишен мандат.

Неколку лидери на политички партии лојални на Ал Сиси изјавија дека имаат намера да се кандидираат.

Ќе се кандидира и опозицискиот политичар Ахмед ал Танатави.

Право на глас имаат околу 65 милиони од вкупно 105 милиони Египќани.

Конечните изборни резултати ќе бидат објавени на 18 декември.

Претседателот на комисијата, судијата Валид Хамза, вети дека изборите ќе бидат фер. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан