• сабота, 20 април 2024

Претседателот на Собранието Џафери се сретна со млади пратеници од БиХ

Претседателот на Собранието Џафери се сретна со млади пратеници од БиХ

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се состана со група млади парламентарци, дел од повеќепартиска група од сите претставнички нивоа на власта во Босна и Херцеговина.

Како што се посочува во соопштението од Собранието, Џафери споделил информации, искуства и пракса со младите пратеници кои пројавиле интерес за тековните политички случувања во земјава, за евроинтеграцискиот пат и можностите за проширување и продлабочување на соработката меѓу пратениците на двете земји и за можноста за соработка на највисоко ниво на претседатели на парламенти и на ниво на пратенички групи за соработка.

-Младите соговорници од Босна и Херцеговина му се заблагодарија на претседателот Џафери за одвоеното време да се сретне со нив, знаејќи ја одговорноста на еден претседател на законодавен дом. Изразија висока почит за достигнувањата на Република Северна Македонија во контекст на евро-атлантската интеграција а особено ја истакнаа политичката стабилност и функционалноста на институциите во нашата земја. Дополнително, се заинтересираа и за нивото на вклучување на младите и жените во политичкиот живот во нашата земја правејќи паралела меѓу двете земји, се посочува во соопштението. 

Пратениците од БиХ изразиле желба и за динамизирање на соработката меѓу Република Северна Македонија и Босна Херцеговина, заради размена на искуства и заемна помош во процесот на интеграцијата на двете земји во Европската Унија. ев/бак/

Фото: Собрание 

Остани поврзан