• петок, 29 март 2024

Претрес во Скопје, пронајден килограм марихуана, приведен дилер

Претрес во Скопје, пронајден килограм марихуана, приведен дилер
Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од скопскиот Основен кривичен суд,  извршија претрес во дом на С. Т. (38) во Скопје. 
 
При претресот пронајдени се четири најлонски кеси со околу 800 грама марихуана и две стаклени тегли со околу 200 грама марихуана и седум куршуми. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Остани поврзан