• вторник, 16 април 2024

Премиерот Ковачевски на 11 мај во Брисел

Премиерот Ковачевски на 11 мај во Брисел
Брисел, 9 мај 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски во среда ќе го посети Брисел, каде ќе учествува на сега веќе традиционалната неформална вечера организирана од високиот претставник за надворешна политика ЕУ, Жозеп Борел за лидерите од земјите од Западниот Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. Како и обично, оваа неформална вечера има за цел да се разговара за главните прашања и предизвици со кои е соочен регионот, меѓу кои најчувствителни се Босна и Херцеговина и Косово. Покрај вечерата, како што информираат македонски дипломати во ЕУ, премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерална средба со Борел. Истиот ден премиерот Ковачевски ќе се сретне и со неговиот белгиски колега Александер Де Кро. Северна Македонија очекува одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во рамките на преговорите за членство, одобрени од страна на сите земји членки во март 2020, но Бугарија продолжува да го блокира процесот поради билатерални прашања. тм/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан