• сабота, 20 април 2024

Премиерите на Албанија и Црна Гора го поддржаа европскиот предлог за Косово

Премиерите на Албанија и Црна Гора го поддржаа европскиот предлог за Косово
Подгорица, 27 февруари 2023 (МИА) - Премиерите на Црна Гора и на Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама денеска во Подгорица се согласија дека француско-германскиот план за Косово е добра рамка за решавање на проблемите меѓу Приштина и Белград.

Албанскиот премиер, по свечената седница на двете влади, изјави дека договорот заснован на француско-германскиот план е „најдоброто нешто што било на маса“ кога станува збор за решавање на ситуацијата меѓу Србија и Косово. 

„Супер силите треба да ги фатат за уво секогаш кога ќе се расправаат во училишниот двор. Го почитувам суверенитетот на двете страни да одлучуваат за тоа. Секако, кога ќе дојде до ваква ситуација, неопходно е владата на Албанија и јас да ја поддржиме владата на Косово и нивната власт и јас им посакувам тие да бидат одлучни и успешни“, рече Рама одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, Белград и Приштина се одговорни за резултатот од дијалогот и двете страни ќе ја платат цената на погрешните одлуки.

Абазовиќ изјави дека со одржувањето на „статус кво“ целиот регион е во загуба и посочи дека Подгорица го поддржува германско-францускиот план за Косово.

„Владата го поддржува дијалогот меѓу Србија и Косово. Тоа е исто така добар план и мора да имаме нормализација, но тоа не е наше прашање, не можеме да кажеме кој и како ќе дејствува“, додаде тој. паг/

 

Остани поврзан