• сабота, 31 август 2024

Превентивни предавања за велешките основци  од СВР Велес за „врсничко насилство“

Превентивни предавања за велешките основци  од СВР Велес за „врсничко насилство“

Велес, 25 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес заедно со полициски службеници од Отсек за компјутерски криминал и малолетничка деликвенција при СВР-Велес, во ООУ ,Васил Главинов“ во Велес, вчера  реализираа две едукативна работилници за учениците од шестто до деветто одделение, информира денеска за МИА, портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.

Таа појаснува дека во рамки на работилницата активностите биле посветени на темите „Насилство во училиштата и „Врсничкото насилство“ - со посебен акцент на сајбер булингот, односно малтретирањето и насилството на социјалните мрежи.

Додава дека посебно се разговарала и за начините и методите кои треба да се користат во превенирањето и справувањето со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Децата биле  запознати и со сите ризици и последици, вклучително и законските, од овие видови социо-патолошко поведение.

Вакви предавања неделава се одржаа и во другите велешки основни училишта. Воедно Од Отсекот за превенција на СВР Велес  континуирано продолжуваат со едукативни предавања и на други теми наменети  за учениците во Велес и Општините Велес,Градско и Чашка. ад/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан