Прво реми за Борусија Дортмунд во новата сезона
- Првиот натпревар од 5.коло од Бундес лигата одигран синоќа меѓу Борусија Дортмунд и Вердер заврши без победник 2:2
Дортмунд, 10.октомври 2026 (МИА) – Првиот натпревар од 5.коло од Бундес лигата одигран синоќа меѓу Борусија Дортмунд и Вердер заврши без победник 2:2. Ова е прво реми за „милионерите“ по четирите стартни победи.
По 80 минути игра немаше промена почетниот резултат, а потоа беа постигнати четири гола. Првиот гол за Борусија во 80.минута го постигна Даниел Свенсон, а пет минути подоцна Николас Шлотербек зголеми на 2:0. Лудовит Рајс намали на 2:1 во 88.минута, а Никлас Филкруг изедначи на 2:2 во 90+2.минута.
Борусија Дортмунд е прва со 13 бода, додека Вердер е на четвртото место со 8 бодови. Другите дуели од оваа рунда се играат попладнево и утре. мн/
Фото: ЕПА