• сабота, 20 април 2024

Почна реконструкцијата на улицата „Мирче Ацев“ во Тетово 

Почна реконструкцијата на улицата „Мирче Ацев“ во Тетово 

Тетово, 26 мај 2023 (МИА) - Во Тетово почна реконструкцијата на улицата „Мирче Ацев“ која се протега од кружниот тек кај стадионот па до улицата „Никола Тесла“ во близина на поштата. Според градоначалникот Биљал Касами освен нов слој на асфалт ќе има интервенирање на подземната инфраструктура по потреба.

-Се прави реконструкција на улица „Мирче Ацев“, затоа што оваа улица беше во многу незавидна ситуација и положба. Ние одлучивме дека треба да се реконструира, целосно да се смени слојот на асфалтот и во неколку места ќе се направи бај-пас за атмосферската канализација и каде има потреба ќе се сменат и водоводни цевки. Работиме за долгорочно решение на овој дел од градот, ова е главната артерија на градот, централното подрачје, кое за жал со години и децении наназад немаше ДУП. Веќе ангажиравме компанија планер која работи на подготовка на ДУП за четири блока кои се во трасата на булеварот „Илинден“ со што ќе се отвори можноста да се отвори и овој булевар и со тоа Тетово ќе ја отвори главната артерија преку што ние цениме дека еден до главните проблеми на хаосот на сообраќајот ќе се реши, изјави Касами.

На новинарско прашање зошто не е завршено продолжувањето на булеварот „Благоја Тоска“ од мостот кај болницата, Касами рече дека е веќе при крај.

-Колку што знам уште утре може да се фрли првиот слој на асфалт и многу брзо тоа ќе се заврши како проект. Исто така работиме и на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ кој веќе е избрана компанијата, за да се продолжи од касарната до крај. Исто така сме во крајна фаза на подготовка и на проектот за „Благоја Тоска“ од касарна исто кај касарната во тој сегмент што остана. Од овој момент ние интензивно ќе продолжиме во санација, реконструкција и отворање на булевари и патишта се со цел Тетово да ги добијат улиците и инфраструктурата која ја посакуваат со години, истакна Касами. ас/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан