• сабота, 20 април 2024

Почнаа градежните работи за асфалтирање на патот во кривопаланечкото село Кркља

Почнаа градежните работи за асфалтирање на патот во кривопаланечкото село Кркља

Крива Паланка, 17 март 2023 (МИА) – Жителите на село Кркља, кривопаланечко, наскоро добиваат нов асфалт, а денеска со службите од општината извршија увид во градежните работи на терен.

-Интензивно се одвиваат земјени работи за изградба и асфалтирање на локалниот пат село Кркља, од приклучок на локален пат, кон маалата Џиковци и Туарци. Должината на трасата е 1.500 метри, а финансии се обезбедени преку Биро за регионален развој, близу десет милиони денари. Вложуваме во секој дел од општината, а 2023 година е година на вистински градежен бум во Општина Крива Паланка, бидејќи грижата за сите граѓани, од сите населени места е пред сè, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Изведувач на градежните работи е економскиот оператор ДГУТ „Цвет Комапни“ ДООЕЛ Скопје, а нагласи дека новата градежна сезона и инфраструктурните активности за подобрување на локална патна инфраструктура започнаа да се одвиваат со забрзано темпо и динамика, благодарение на доброто планирање на активностите и поволните временски услови.

- Сите планирани проекти очекувам навреме ќе се реализираат, а надлежните служби од општината континуирано ќе вршат редовни контроли, со цел квалитетно и успешно завршување на работите од страна на ангажираните економски оператори, додава Митовски. ид/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан