Починаа двајца пациенти повредени во експлозијата во леарницата во Чока
- Двајца од тројцата пациенти кои беа тешко повредени по експлозијата во леарницата во Чока починаа денеска во Клиничкиот центар на Војводина, соопшти Радио телевизија на Србија (РТС).
Белград, 29 ноември 2024 (МИА) - Двајца од тројцата пациенти кои беа тешко повредени по експлозијата во леарницата во Чока починаа денеска во Клиничкиот центар на Војводина, соопшти Радио телевизија на Србија (РТС).
Пациентите биле примени со тешки изгореници, а двајцата пациенти биле веднаш интубирани и во животна опасност.
И третиот пациент е во тешка состојба.
Во несреќата и пожарот што се случи на 28 ноември во леарницата во Чока во Војводина, повредени се четворица работници, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди.
Едно повредено лице со полесни повреди е пренесено во Општата болница во Сента. Според РТС, тоа лице потоа било пуштено на домашно лекување.
Според полициската управа, до несреќата дошло поради нагло исфрлање на течен метал од леачката печка, по што следел пожар кој бил изгаснат од противпожарната служба. об/