• среда, 06 декември 2023

Поставени лед светлосни дигитални знаци на дел од скопските улици

Поставени лед светлосни дигитални знаци на дел од скопските улици

Скопје, 25 септември 2023 ( МИА)  -  Град Скопје информира дека со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот поставени се нови знаци на бул. „Партизански Одреди“ кај пазарчето во Ѓорче Петров, на булевар „Метрополит Теодосиј Гологанов“ кај Алумина, и на булеварот АСНОМ.

-Со подготовка на проектот „За модерно Скопје“ , поставени се  ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минати години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста, се наведува во соопштението на Град Скопје.

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фрекфентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот.

Со овој вид сигнализација функцијата за предупредување е значително подобрена и има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата. љм/са/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан