• вторник, 09 јуни 2026

Поставен нов асфалтен слој на патот Велес–Чашка, најавени нови инфраструктурни зафати

Поставен нов асфалтен слој на патот Велес–Чашка, најавени нови инфраструктурни зафати

Велес,12 мај 2026 (МИА) - Изминатите денови интензивно се работеше на регионалниот пат Велес–Чашка, каде што Јавно претпријатие за државни патишта во соработка со Македонија Пат – Подружница Велес постави порамнителен асфалтен слој.

Информацијата попладнево ја соопшти градоначалникот на Велес, Марко Колев, кој истакна дека со градежните зафати значително ќе се подобри патната комуникација помеѓу општините Велес и Чашка.

Тој најави дека во наредниот период ќе продолжат градежните активности и на патните правци во останатите населени места во Општина Велес. ад/дма/

Фото:Општина Велес

 

Можно е и ова да ти се допаѓа