• понеделник, 13 јули 2026

Поставен бесплатен интернет во центарот на Босилово

Поставен бесплатен интернет во центарот на Босилово

Босилово, 10 јуни 2026 (МИА) - Градоначалникот на Босилово денеска потпиша меморандум за соработка во рамки на иницијативата WiFi4WB со што се овозможува поставување на бесплатна јавна Wi-Fi мрежа за сите граѓани и посетители на Општина Босилово, соопштија од локалната самоуправа.

Се наведува дека граѓаните и посетителите ќе можат да се поврзат на бесплатен и безбеден интернет во  Едукативниот центар Босилово, Центар и парк во Босилово.

-Wi-Fi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, со цел да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Македонија и целиот Западен Балкан. Босилово е дел од мрежата на 500 општини во регионот кои добиваат ваква поврзаност, следејќи го успешниот пример на европската програма WiFi4EU, преку која беа поврзани илјадници јавни локации низ Европската Унија, стои во општинското соопштение.

Инаку, проектот е финансиран од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital, а  деновиве се очекува дополнително да се објават податоците околу начините на користење на јавната и бесплатниот wi-fi мрежа во Босилово. рт/вј/

Фото: Општина Босилово

Можно е и ова да ти се допаѓа