Пораст на нивото на водата во Охридското Езеро за четири сантиметри, водостојот се уште далеку под просекот
- Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,29 метри надморска височина, што е за 20 сантиметри пониско од просекот за март.

Охрид, 29 март 2023 (МИА) – Нивото на водата на Охридското Езеро изминатите денови се покачи за четири сантиметри, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.
Водостојот на денеска се наоѓа на котата од 693,29 метри надморска височина, што е за 20 сантиметри пониско од просекот за март.
Независно врнежливото време изминатите денови, временските прилики се се уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.
Температурата на водата е 9,5 степени Целзиусови, што е над просекот од 7,8 степени. аб/
Фото: МИА