Пораз од Украина на македонските кадети на ЕП дивизија Б
- Машката македонска кадетска кошаркарска репрезентација со пораз од Украина го затвори првиот групен сегмент на Европското првенство од дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години
Гевгелија, 11.август 2026 (МИА) – Машката македонска кадетска кошаркарска репрезентација со пораз од Украина го затвори првиот групен сегмент на Европското првенство од дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години.
Во последниот, петти натпревар од групата „Б“, Украина славеше со 84:70, триумф со кој стигна до ефект од 3-2 (победи/порази) и го освои третото место во конечниот поредок, зад Хрватска и Исланд, а пред Македонија, Кипар и Швајцарија.
По изедначеното прво полувреме, во кое Украина беше за нијанса подобра и замина на одмор со 46:39, противникот одигра речиси без грешка во третата четвртина. Украинците го добија тој период со убедливи 24:10, па по 30 минути игра имаа висока предност од 70:49.
Но, македонските кадети не се предадоа. Во последниот период одиграа одлично и со серија од 17:4 успеаја високата негатива да ја претворат во едноцифрена. На половина од последната четвртина Македонија заостануваше само осум поени (66:74) и сериозно ги зголеми шансите за целосен пресврт.
Сепак, Украина успеа да го издржи налетот и да стигне до победата, со која го обезбеди третото место во групата.
По денот предвиден за одмор, македонскиот тим продолжува во следната фаза од шампионатот, во која ќе се натпреварува за пласман од 9. до 16. место. Според системот на натпреварување, противникот во следниот меч ќе биде една од селекциите на Ирска, Словачка или Црна Гора, во зависност од конечниот распоред во останатите групи. мн/
Фото: КФМ