• сабота, 20 април 2024

Покетино седна на клупата на Челзи

Покетино седна на клупата на Челзи

 

Лондон, 29 мај 2023 (МИА) – Англискиот фудбалски прволигаш Челзи, ден откако го одигра последниот натпревар во резултатски исклучително лошата сезона, објави попладнево дека за нов тренер на екипата е назначен Аргентинецот Маурисио Покетино.

Лондонскиот клуб соопшти дека со Покетино е потпишано договор на две години, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Покетино се враќа во Премиер лигата во која ги предводеше Саутемптон (2013/14) и Тотенхем (2014 – 2019), по што од јануари 2021 до јули 2022 беше на клупата на ПСЖ.

Челзи оваа сезона го предводеа дури тројца тренери, Томас Тухел, Грахам Потер и Френк Лампард, и клубот потроши многу пари за нови засилувања, но на крајот заврши на 12. место на табелата, што е најлош пласман од 1994 година. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан