• среда, 10 јуни 2026

Познати термините за финалните дуели Охрид – Татабања од ЕХФ Европскиот куп

Познати термините за финалните дуели Охрид – Татабања од ЕХФ Европскиот куп

Виена, 11. мај 2026 (МИА) – Европската ракометна федерација ги потврди термините за финалните натпревари во ЕХФ Европскиот куп, каде втора сезона учесник е македонски ракометен клуб. По ланското финале на Алкалоид (актуелен освојувач), ракометарите на Охрид сезонава ќе играат против Татабања од Унгарија.

Првиот натпревар се игра во Унгарија на 24. мај во Татабања со почеток во 17 часот.

Реваншот ќе се игра во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид на 31. мај со почеток во 20 часот. Се очекува трибините да бидат исполнети до последното место и охридската публика да биде голема поддршка за ракометарите кои ќе бидат на теренот.

По завршувањето на реваншот во Охрид пехарот ќе и биде доделен победничката екипа. мн/

Фото: Фејсбук ГРК Охрид