• четврток, 25 април 2024

Познати две четвртфинални двојки на Светското првенство во хокеј 2023

Познати две четвртфинални двојки на Светското првенство во хокеј 2023

Рига/Тампере, 23 мај 2023 (МИА) - Одредени се два четвртфинални парови на Светското првенство во хокеј на мраз во 2023 година што се одржува во Рига (Летонија) и Тампере (Финска).

 

Во четвртфиналето ќе играат: 
Швајцарија (1. место Б-група) - Германија (4А)
Канада (2Б) - Финска (3А)

 

Другите две двојки ќе бидат познати вечерва по натпреварот Швајцарија – Летонија.

 

Натпреварите од 1/4 финалето ќе се одиграат на 25 мај. Полуфиналето е закажано за 27 мај. Финалето и натпреварот за третото место ќе се одржат на 28 мај. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан