• среда, 17 април 2024

Подољак: Украина нема никаква врска со „невообичаениот и чуден“ напад со дрон врз Кремљ

Подољак: Украина нема никаква врска со „невообичаениот и чуден“ напад со дрон врз Кремљ

Киев, 25 мај 2023 (МИА) - Михајло Подољак, висок советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина нема никаква врска со „невообичаениот и чуден“ напад со дрон врз Кремљ, минимизирајќи ги извештаите на американските медиуми.

Весникот „Њујорк тајмс“ напиша дека анализите на американските разузнавачки служби покажале дека нападот со дрон врз Кремљ овој месец најверојатно бил извршен од украинска разузнавачка единица или специјална единица. Москва го обвини Киев за нападот.

Подољак рече дека Русија настојува да ги намали испораките на оружје за Украина во обид да ги искористи стравовите од Западот од можна ескалација поради наводните украински напади на руска територија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан