• сабота, 10 октомври 2026

Погодена зграда на кинеска компанија во Кувајт, еден работник убиен

Погодена зграда на кинеска компанија во Кувајт, еден работник убиен

Кувајт Сити, 30 јули 2026 (МИА) - Портпаролот на кувајтското Министерство за одбрана, генерал-мајор Сауд Абдулазиз ал-Атван, денеска изјави дека во „грозоморната иранска агресија“, во која беше погодена зграда во сопственост на кинеска компанија на северот од земјата, еден работник е убиен.

Ал Атван во соопштение на платформата Икс наведе дека нападот предизвикал значителна материјална штета на зградата.

Тој додаде дека „веднаш по инцидентот, надлежните органи почнале да ги преземаат потребните мерки и да ја решаваат ситуацијата, во координација со надлежните органи“.

„Вооружените сили го потврдуваат континуираното извршување на своите мисии и должности со висока ефикасност и преземање на сите потребни мерки за заштита на суверенитетот на татковината, зачувување на нејзината безбедност и стабилност, во координација со надлежните органи, на начин што ја зачувува безбедноста на граѓаните и жителите“, се наведува во соопштението на кувајтското МО. Сд/ми/

Фото: ЕПА