• вторник, 16 април 2024

Повик до сопствениците на пловни објекти да склучат договор за користење на Градското пристаниште во Охрид

Повик до сопствениците на пловни објекти да склучат договор за користење на Градското пристаниште во Охрид

Охрид, 28 март 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Билјанини извори“ од Охрид упати повик до сопствениците на пловни објекти на Охридското Езеро најдоцна до 25 идниот месец да склучат договор со претпријатието за сидрење на нивните пловила на Градското пристаниште.

Согласно Одлуката за давање на времено користење на недвижен имот на ЈП Билјанини Извори" од Советот на Општина Охрид, како и соодветното Мислењето од Капетанијата на пристаништа, на претпријатието му е доделено времено стопанисување со пристаништето во Охрид.

Оттаму се повикуваат сопствениците на пловните објекти кои веќе имаат усидрени пловила или пак се заинтересирани за усидрување на своите пловни објекти на Градското пристаниште, да склучат соодветни договори.

Предуслов за склучување договор е пловниот објект да биде регистриран во Капетанија на пристаништата - Охрид. аб/сп/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан