Победи за Вардар и Охрид на првиот ден од струшкиот ракометен турнир
- Екипите на Вардар и на Охрид ги оправдаа фаворитските улоги и забележаа победи во 1.коло на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2026 - Вангел Баљукоски - Баљук“.
Струга, 12 август 2026 (МИА) – Екипите на Вардар и на Охрид ги оправдаа фаворитските улоги и забележаа победи во 1.коло на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2026 - Вангел Баљукоски - Баљук“.
На отвореното игралиште „Горан Попоски - Бабец“ Вардар беше убедлив против Прилеп со 39:29. Во оваа група е и екипата на Бутел Скопје.
Во езерското дерби, Охрид славеше против домаќинот Струга со 37:24. Третиот тим од Б групата е Дубочица од Лесковец (Србија).
Двојките за утре се:
Прилеп – Бутел (18:30 часот)
Охрид – Дубочица (20:30). зс/
Фото: ЕПА