• понеделник, 08 јуни 2026

Пентагон соопшти дека го намалил бројот воени бригади во Европа од четири на три

Пентагон соопшти дека го намалил бројот воени бригади во Европа од четири на три

Вашингтон, 20 мај 2026 (МИА) - Министерството за одбрана на САД синоќа соопшти дека го намалува бројот американски воени бригади во Европа од четири на три, враќајќи го распоредот на нивоата од 2021 година, во мигови кога Вашингтон врши притисок врз континентот да вложува повеќе во сопствената одбрана.

Пентагон наведува дека „вкупниот број борбени бригади распоредени во Европа е намален од четири на три“, при што една бригада брои меѓу 4.000 и 4.700 војници.

Во соопштението се додава дека тоа доведува до „привремено одложување“ на распоредувањето на американските сили во Полска.

Претходно американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека планираното испраќање четири илјади војници во Полска е одложено, но не и откажано.

Пентагон нагласува дека конечната распределба на силите ќе зависи од „стратешките и оперативните потреби на САД“ и од капацитетите на сојузниците во Европа за сопствената одбрана. аб/ссм

фото/МИА архива