• четврток, 25 април 2024

Пенс: Историјата ќе го повика Доналд Трамп на одговорност  

Пенс: Историјата ќе го повика Доналд Трамп на одговорност  

Вашингтон, 13 март 2023 (МИА) - Поранешниот потпретседел на САД Мајк Пенс повторно го критикуваше својот поранешен шеф, претседателот Доналд Трамп, a во врска со нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година. 

-Историјата ќе го повика Доналд Трамп на одговорност, изјави тој викендов за време на собир на политичарите и медиумските првенци во Вашингтон. 

-Туристите не повредуваат 140 полицајци кога доаѓаат во посета (на Капиталот), изјави Пенс, алудирајќи на извештаите во конзервативните медиуми како „Фок њуз“, каде се релативизира 6 јануари и се емитуваат нови снимки од настанот да се укаже дека протестите биле мирни. 

Новиот спикер на Претставничкиот дом, Кевин Макарти, даде увид во илјадници часови видео снимки од нападот на водителот Такер Карлсон, кој во својата емисија емитуваше избрани моменти. 

-Туристите не ги кршат вратите да дојдат до спикерот на домот или да се закануваат на официјални лица, изјави Пенс. 

Неговите изјави доаѓаат во време кога тој најверојано ќе поднесе кандидатура за номинација за претседателски кандидат од републиканците, на следните претседатески избри закажани за ноември 2024 година. кб/ 

Остани поврзан