Пензионери од неколку општини на средба во Неготино
- Линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, минималната пензија да изнесува 18 илјади денари, нова методологија за пресметување на пензиите, беше побарано денеска од средбата на пензионери од повеќе општини, претставници на иницијативните одбори, кои, како што се нагласи, се залагаат за повисок стандард и помирен живот. Средбата се одржа во Неготино.

Неготино, 29 септември 2023 (МИА) - Линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, минималната пензија да изнесува 18 илјади денари, нова методологија за пресметување на пензиите, беше побарано денеска од средбата на пензионери од повеќе општини, претставници на иницијативните одбори, кои, како што се нагласи, се залагаат за повисок стандард и помирен живот. Средбата се одржа во Неготино.
- Недозволиво е зголемување на пензиите од 6.8 проценти. Не отстапуваме од нашите барања по никоја цена, беше нагласено на средбата.
На состанокот беа искажани и размислувања за блокирање на патишта, за да се сврти вниманието на јавноста, кон проблемите со кои се соочуваат пензионерите, со цел нивно решавање. Беше договорено да се побара прием кај премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски, за со нив да се поразговара за проблемите на пензионерите.
На денешната средба беше договорено да се направи основачко собрание и да се официјализира оваа иницијатива ,,Пензионери за достоен живот", со свои тела и органи. За раководно лице, претседател, беше избран Драган Угриновски. свд/
Фото : МИА