• петок, 13 јуни 2025

Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа

Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа

Рим, 21 мај 2025 (МИА) - Папата Лав Четиринаесетти денеска повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа.

„Го обновувам мојот апел да се дозволи влез на хуманитарна помош и да се стави крај на непријателствата, чија цена ја плаќаат децата, старите лица и болните“, истакна папата за време на аудиенција на плоштадот Свети Петар во Рим.

Тој рече дека ситуацијата во Појасот Газа станува сè позагрижувачка. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан